Во Турција пукано во поранешен репрезентативец! (ФОТО)

Вознемирувачка вест од Турција, поранешниот репрезентативец на оваа земја, Серхат Акин заработил прострелна рана откако било пукано во него со пиштол.

Акин сега работи како стручен коментатор, а настанот се случил по натпреварот меѓу Фенербахче и Унион СГ од Лига Европа кога тој го напуштал студиото во квартот Бејкоз.

Било пукано во неговата нога, по што тој веднаш бил пренесен во болница.

Акин се огласи на својот инстаграм профил каде што сподели и фотографии од зглобот.