Хулиганот кој тргна да се тепа со илјадници Делии ја доби најтешката казна за еден навивач!

Навивачите на Партизан не можат да се помират со резултатите на нивниот тим, а еден од нив целосно полуде на дербито против Црвена Звезда (0-4) и тргна сам да се тепа со илјадници Делии.

Хулиганот, сепак, не успеа да стигне блиску до ривалите, затоа што реагираше полицијата и го приведе, а денеска тој ја доби најтешката казна за еден навивач.

Јавното обвинителство постигна договор со 33-годишниот С.Ј. поврзан со неговото „насилничко однесување на спортски настан или јавен собир“, а потоа ги соопшти деталите во јавност.

Судот му изрече условна казна затвор во времетраење од шест месеци на хулиганот, како и парична казна од 100.000 динари кои мора да ги плати во рок од три месеци, а исто така навивачот доби забрана за присуство на фудбалски натпревари на Партизан во следните три години.