Шок за легендата на Динамо Киев: Во куќата му влегла полиција

Во куќата на поранешниот репрезентативец на Украина и фудбалер кој одигра 178 натпревари за Динамо Киев, Артем Милевск влегла полиција.

Милевски не бил проблемот, туку неговиот пријател и цимер Серхи Третјак кој е обвинет за местење натпревари.

„Навистина сум во шок, не би можел ништ да кажам додека не ги знам деталите“, кратко изјави Милевски за украинските медуми.

За медиумите изјава даде и Третјак.

„Осомничен сум дека сум организирал местење натпревари. Никогаш не сум слушнал за тимовите со кои ме поврзуваат, а претресот на куќата има врска со е-спортот, не со фудбалот“, изјави Третјак.

Украинските медиуми пред неколку недели објавија дека Третјак со уште едно лице заработил околу 15.000 евра со обложување на натпревари од пониските бразилски лиги. Наводно, полицијата веќе влегле во нивниот дом во април кога Третјак исто така тврдеше дека нема врска со случајот.

Неговиот цимер Артем Милевски од 2003 до 2012 година играше за Динамо Киев и на 178 натпревари постигна 57 голови. Дресот на репрезентацијата на Украина го носеше на 50 натпревари и во нив постигнао сум погодоци.