Ефикасен старт на Лига Европа: Бодо го изненади Порто, АЗ Алкмар подобар од Елфсборг (ВИДЕО)

Екипте на АЗ Алкмар и Бодо Глимт славеа победа победи во првите натпревари од новата сезона во Лигата на Европа.

Сезоната во второто по ранг европско натпреварување започна ефикасно и во два натпревари видовме дури десет погодоци. АЗ Алкмар на домашен терен беше подобар од Елфсборг со 3-2.

Мрежата на холандскиот тим се тресеше по само 11 минути игра, но тој гол беше поништен поради недозволена позиција. Десет минути подоцна гостите сепак дојдоа до водство преку Оума. АЗ Алкмар не дозволи на пауза да оди со негатива, па Ван Бомел во завршницата од првиот дел донесе изедначување.

По само пет минути игра во второто полувреме Ван Бомел постигна уште еден гол за целосен пресврт. Елфсборг во 53. минута одново изедначува преку Хедлунд. Конечните 3-2 беа поставени со погодокот од пенал на Парот на 15-тина минтуи пред крајот.

Изненадување приреди Бодо кој со 3-2 на свој терен го совлада фаворизираниот Порто. Не изгледаше дека ќе видиме изненадување кога Омордион по осум минути игра го донесе португалскиот тим во водство.

Бодо изедначи преку Хог во 15. минута, а на пет минути пред крајот на првиот дел Хауге стрелаше за целосен пресврт. Со пресврт од 2-1 Бодо замина и на паузата.

Само што започна вториот дел Мата заработи втор жолт картон и беше предвреме испратен во соблекувалната. Сепак, Бодо и со играч помалку постигна уште еден гол за 3-1

Порто до крајот успеа само да го ублажи поразот со голот на Гуи во 90. минута.