Лига куп: Убедливи победи на Арсенал и Ливерпул (ВИДЕО)

Aрсенал и Ливерпул забележаа убедливи победи со по 5:1 во 1/16 финалето од Лига Купот во Англија. 

Микел Артета на теренот излезе со комбиниран состав, но и така Арсенал покажа квалитет. Во првото полувреме видовме две погодоци, првиот го постигна Даклан Рајс, а вториот Енвавери по асистенција на Стерлинг.

Во вториот дел Енвавери уште еднаш се запиша во листата на стрелци, додека Колинс намали на 3-1. 

Во последниот половина час игра беа постигнати уште две погодоци, прво Стерлинг дојде до својот првенец, а потоа конечните 5-1 ги постави Хаверц.

Ливерпул против Вест Хем славеше со истиот резултат иако „црвените“ имаа прво негатива. Вест Хем го отвори резултатот со голот на Џерел Кванс по 20 минути игра.„Црвените“ изедначија само четири минути подоцна и со нерешен резултат се замина на полувреме.

Само што започна вториот дел Жота постигна и втор гол за целосен пресврт. До крајот Салах се запиша во листата на стрелци и Гакпо двапати стрелаше за 5-1.