Атлетико Мадрид се измачи: Алварез во 90. минута ја скрши Селта!

Атлетико Мадрид славеше против Селта виго со 1-0 во седмото коло од шпанската Ла Лига, а стрелец на единствениот гол беше Хулијан Алварез.

Селта беше подобар противник на теренот, односно создаде повеќе шанси и го имаше поседот на топката во своја корист, меѓутоа Атлетико притисна во второто полувреме, а конечно отпорот на домаќинот го скрши Алварез во 90. минута.

Екипата на Диего Симеоне со оваа победа се искачи на третото место и има 15 бодови, односно два помалку од Реал Мадрид и шест помалку од лидерот Барселона.