Тотнем доби црвен картон, па го наполни голот на Карабах

Англискиот тим Тотнем со триумф од 3-0 против Карабах ја почна сезоната во Лига Европа.

Тотнем остана со фудбалер помалку во осмата минута, кога Драгушин доби директен црвен картон, но тоа не го спречи лондонскиот гигант преку Џонсон во 12. минута да поведе со 1-0.

Карабах имаше свои шанси, но беше ужасен во нападот, а тоа го казнија Сар и Соланке кои му обезбедија победа на Тотнем од 3-0.