Ајакс го распарчи Бешикташ, Рома ремизира со Атлетик Билбао

Фудбалерите на Ајакс одиграа одличен меч против Бешикташ и го совладаа со 4-0, додека Рома ремизираше против Атлетик Билбао (1-1).

Фиц-Џим беше стрелец на првиот гол за Ајакс, по што домаќините постигнаа уште три погодоци во вториот дел, и тоа преку Готс и Тејлор.

Рома поведе со голот на Довбик во 32. минута, но Атлетик не се предаде и тргна по израмнувачки погодок кој беше постигнат од Паредес дури во 85. минута.

Ајнтрахт Франкфрут беше пред победа против Викторија Плзен бидејќи имаше предност од 3-1 сè до 86. минута, по што гостинскиот тим преку Аду и Јемелка ги постави конечните 3-3.

Останати резултати:

Брага – Макаби Тел Авив 2-1
ФЦСБ – РФС 4-1
Лион – Олимпијакос 2-0