ПСЖ ја освои Полска за втор триумф во ЛШ

Ракометарите на ПСЖ триумфираа со 24-23 против Висла Плоцк за втор триумф во групата А од Лигата на шампиони (ЛШ).

Висла Плоцк беше одлична во првото полувреме и речиси постојано го имаше водството, кое во еден момент достигна и три гола (9-6), додека ПСЖ до полувреме израмни на 13-13.

Домаќините повторно имаа добар почеток и предност од 16-14, меѓутоа ПСЖ влезе во одличен ритам и го презема водството (18-17) кое го чуваше до самиот крај (24-23).

Михаел Дашек постигна осум погодоци за Висла Плоцк, додека Камил Шипжак запиша седум голови.