Вилјареал го нокаутира Еспањол и се проби во топ-4 во Ла Лига

Фудбалерите на Вилјареал запишаа уште еден триумф во шпанската Ла Лига, откако вечерва триумфираа со 2-1 на гостувањето кај Еспањол.

Еспањол постигна гол за водство во 46. минута, но само неколку минути подоцна, во судиското надополнување Вилјареал погоди преку Перез за 1-1.

Перез беше стрелец и на вториот погодок за „жолтата подморница“, која го задржа водството и славеше со 2-1.

Вилјареал по седум одиграни меча се наоѓа на третата позиција во Ла Лига, додека Еспањол е на 14. место.