Барселона го победи Гетафе и остана перфектна во Ла Лига (ВИДЕО)

Eкипата на Барселона и понатаму има максимален учинок во шпанската Ла Лига. Вечерва каталонскиот клуб во рамките од седмото коло беше подобар од Гатафе со 1:0.

Единствениот гол на натпреварот го постигна Роберт Левандовски кој во 17. минута ја искористи слабата реакција на голманот Давид Сорија по нафрлувањето од Жил Кунде.

Барселона со оваа победа остана со максимален ефект и дојде до 21 бод, додека Левандовски е на врвот на листата стрелци со седум погодоци.