Тиквеш по елиминацијата од Европа убедливо го совлада Куманово

По елиминацијата од Европа, екипата на Тиквеш славеше убедлива победа над Куманово во домашното првенство.

Кавадарчани го контролираа натпреварот, а гостите имаа подобар период само на стартот од средбата кога со серија од 4-0 дојдоа на 7-6, но се покажа дека тоа единствените минути во кои беа подобри на оваа средба.

Тиквеш во продолжение ја презема контролата и на паузата веќе водеше со пет разлика 15-10. Во второто полувреме гостите ниту еднаш не се доближија, па прашање беше само со колкава разлика Тиквеш ќе слави.

Лазов и Обина беа најефикасни во победничкиот табор со по пет гола, а исто така по пет гола на спротивната страна постигнаа Димевски и Кајо Винициус.