Силен старт на Ѓорческа во Куршумлиска бања

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа оствари убедлива победа во својот прв настап на турнирот што се одржува во Куршумлиска бања, во Србија.

Во мечот од второто коло (во првото Ѓорческа беше слободна), таа ја победи Луиса Маер ауф дер Хајде од Германија со 2-0 (7-6, 6-0). Во првиот сет, нашата тенисерка водеше со 6-5 и имаше сервис за предност од 1-0, но не го искористи за потоа преку тај-брејк да дојде до водство. Затоа, вториот сет помина во комплетна доминација на Ѓорческа која на противничката ѝ дозволи само десет поени во цел сет.

Ждрепката не ја посака Ѓорческа, па во осминафиналето таа ќе игра против првата носителка на турнирот Пана Удварди од Унгарија, 135. на ВТА листата.