Адеми стрелец во победата на Динамо во Купот на Хрватска (ВИДЕО)

Поранешниот репрезентативец на Македонија, Аријан Адеми беше стрелец во победата на Динамо Загреб во осминафиналето од Купот на Хрватска.

Македонскиот фудбалер во листата на стрелци се запиша во 86. минута со што ја потврди победата на својот тим против Бањоле.

На теренот Адеми влезе во второто полувреме, додека Стефан Ристовски го започна натпреварот.