По еден натпревар како стартер, Миовски се враќа на клупата
Во текот на викендот тој беше стартер на гостувањето во Валенсија, одигра 78 минути на Местаља, но тренерот Мичел одлучи повторно да го врати на клупата. Миовски уште го чека својот прв гол во дресот на Жирона откако во финишот од преодниот рок се пресели таму од Абердин.
Што се однесува до Жирона, најпријатното изненадување од минатата сезона се наоѓа во серија од два пораза и со само седум бода е на 13. позиција на табелата со само два бода повеќе од екипите кои се во зоната за испаѓање.