Македонија ЃП и Кожуф ремизираа, Брегалница го презеде врвот во Втората лига

Екипата на Брегалница е нов лидер во Втората фудбалска лига на Македонија откако денеска ги искористи нерешените резултати на своите ривали Македонија ЃП и Кожуф.

Штипјани триумфираа на гостувањето во Богданци кај Вардарски со 2-1, благодарение на добрата игра во второто полувреме. Домаќините водеа по првите 45 минути, но во продолжение Калпачки и Абази се погрижија за пресврт и значајни три бода за поранешниот прволигаш.

Македонија ЃП не успеа да слави на гостувањето кај Новаци и одигра без голови што е второ реми во низа за некогашниот шампион. Кожуф водеше на гостувањето кај Скопје со 1-0 по голот на Стојков, но само седум минути подоцна домаќините израмнија и го поставија конечниот резултат.

Покрај Брегалница, нерешените резултати на Македонија ЃП и Кожуф ги искористи и Арсими кој со триумфот над Победа во Прилеп со 2-1 се проби на втората позиција.

РЕЗУЛТАТИ
Башкими - Беласица 1-1
Скопје - Кожуф 1-1
Каменица - Борец 2-0
Новаци - Македонија ЃП 0-0
Осогово - Детонит 1-3
Победа - Арсими 1-2
Вардар - Охрид 0-1
Вардарски - Брегалница 1-2
ТАБЕЛА: Брегалница 13 бода, Арсими 12, Македонија ЃП и Кожув по 11, Детонит и Башкими по 10....