Вршац се откажа од АБА 2, Пелистер би можел да игра со клубот на Јокиќ

Еден ден откако почна новата сезона во АБА 2 лигата, неочекувано дојде до шок кај сите учесници и раководството на ова натпреварување.

Српскиот кошаркарски клуб Вршац го откажа своето учество и нема да се натпреварува во АБА 2 и покрај тоа што се пријави во текот на летото, како еден од трите српски клубови, покрај Војводина и Златибор. Според директорот Кристијан Шерман, парите за учество во АБА 2 ќе бидат пренасочени на развој на домашните играчи и настап во Кошаркарската лига на Србија.

„Причините за ваквата одлука се бројни, а примарната е тоа што сметаме дека регионалната лига во ваков облик не носи ништо добро ни на српската кошарка, ни на клубовите кои учествуваат во неа. АБА, за жал, стана стана сервис за разигрување на неразиграните, лична корист и профит на одредени клубови и челниците на лигата, без никаква добробит за кошарката и во Србија и во регионот. Парите кои беа планирани за учество во АБА 2 (околу 25 илјади евра) ќе ги пренасочиме на учеството во домашната лига и на развојот на српските играчи“, се вели, меѓу другото, во соопштението од Вршац.

Медиумите во Србија веќе почнаа со шпекулации околу тоа кој би можел да го замени овој клуб во АБА 2. Како кандидати за испразнетото место се спомнуваат Раднички Крагуевац, Слобода или клубот на Никоја Јокиќ, Џокер.