Фабрицио Романо тврди: Барселона има договор со Шчесни

Најпознатиот светски трансфер гуру Фабрицио Романо објави дека Војчех Шчесни ќе биде нов голман на Барселона.

Според него, двете страни веќе постигнале договор и Полјакот ќе биде замена за повредениот Марк Андре Тер Штеген кој се повреди во неделата и за него оваа сезона е завршена. Шчесни во текот на летото објави дека ја завршува својата кариера, но сепак одлучи да се врати меѓу стативите и може да биде големо засилување за Барселона во шпанското првенство.

Следните денови се очекува тој да пристигне во Каталонија на лекарски прегледи и не е исклучено да дебитира в сабота против Осасуна во Памплона.