Марсеј сака да го организира финалето во ЛШ во 2027 година

Францускиот град Марсеј се понуди да го организира финалето во Лигата на шампиони (ЛШ) во 2027 година, откако на Милано му беше одземена организацијата.

Милано не можеше да гарантира дека планираните градежни активности на „Сан Сиро“ ќе се завршат до финалето во ЛШ во 2027 година.

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) во мај или јуни следната година ќе донесе конечна одлука за тоа каде ќе се игра финалето.