Фенербахче не ги пушта своите кошаркари да играат за Турција

Турскиот кошаркарски гигант Фенербахче соопшти дека нема да им дозволи на кошаркарите да играат за Турција додека селектор е Ергин Атаман.

Атаман направи скандалозен потег на мечот меѓу Панатинаикос и Галатасарај, кога крена прсти и го претстави резултатот (1-3) од фудбалското дерби меѓу Фенербахче и Галатасарај.

„Познато е што направи селекторот на мечот на неговиот клуб. Тоа што го направи пред милиони гледачи е во спротивност со достоинство и идентитет кој ги претставува како тренер на Турција“, соопшти Фенербахче.