Нејмар го откри неговиот фаворит за „Златната топка“

Шпанските медиуми пред неколку дена објавија дека „Златната топка“ ќе му припадне на бразилскиот фудбалер од редовите на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, а Нејмар во интервју откри кој е неговиот фаворит.

Фудбалерот на Ал-Хилал смета дека неговиот сонародник Винисиус ја заслужил престижната награда.

„Винисиус го гледам како најголем фаворит за наградата. Нема подобар кандидат од него. Многу страдаше во текот на животот, но ги надмина сите очекувања и критики. Сакам да ја освои наградата“, кажа Нејмар.