Влаховиќ го напушта Јувентус и се сели во Англија

Српскиот голгетер Душан Влаховиќ не се наоѓа во добра форма во изминатиот перод, но и покрај тоа привлече интерес од премиерлигашот Арсенал.

Влаховиќ би можел наскоро да го напушти поранешниот италијански шампион и да го облече дресот на „топчиите“ кои бараат нов напаѓач.

Тренерот Микел Артета во моментов смета на Каи Хаверц во нападот, меѓутоа тоа не е природна позиција на Германецот, туку е најопасен кога игра зад главниот напаѓач.

Влаховиќ пристигна во Јувентус во 2022 година од Фиорентина за 84 милиони евра.