Подмолен потег на Ендрик, сите се чудат зошто не доби црвен картон (ВИДЕО)

Иако се работи за голем талент, бразилскиот тинејџер Ендрик од своето доаѓање во Реал неколку пати покажа знаци на нервоза и влегуваше во вербални дуели со противнички играчи и судии.

Така беше и синоќа на дуелот против Алавес на кој ги одигра последните 20-тина минути, но не пропушти да направи инцидент. Во 82. минута тој го удри противничкиот дефанзивец Мурино во меѓуножјето и тоа во момент кога топката беше далеку од нив.

Според правилата, тој подмолен потег се санкционира со исклучување, но главниот судија се направи дека не го забележал тоа. Не реагираше ниту некој од ВАР собата, па на крајот судијата Муњиз Руиз призна дека имало инцидент, па му покажа само жолт картон на Ендрик.