Некогаш беше МВП во НБА лигата, а сега доби отказ

Поранешниот МВП во НБА лигата, Дерик Роуз добил отказ во Мемфис, објави НБА инсајдерот Шемс Чарни.

35-годишниот Роуз беше МВП во лигата во 2011 година, а во Мемфис пристигна во 2023 година.

Не играше премногу, но имаше допринос кога тимот се соочуваше со повреди и кога Џа Морент беше суспендиран, сепак раководството на Мемфис одлучи дека повеќе не им е потребен. 

Роуз претходно го носеше дресот на Чикаго Булс, Њујорк Никс, Кливленд, Минесота и Детроит.