Инцидент по пеналот на Ц. Звезда, Гробари побараа прекин на мечот!

Црвена Звезда доби пенал на почетокот на мечот, по што навивач на Партизан влета на теренот, па мораше да интервенира и полицијата.

Ендиај погоди од белата точка и донесе водство на Ц. Звезда, а потоа гробари од трибините ги повикаа фудбалерите на Партизан да го напуштат теренот и да се прекине дербито.

Тие, сепак, не ги послушаа своите поддржувачи и решија да останат на теренот, по што примија и втор погодок од Силас.