Газдите на Рома купија премиерлигаш за 500 милиони фунти

Групацијата „Фриедкин“, на чие чело е бизнисменот Фархад Мошири, го купи Евертон за неверојатни 500 милиони фунти.

Газдите на Рома сега имаат и клуб во Премиерлигата, во кој планираат да вложат пари и да го вратат во борба за позициите кои водат во европските купови.

„Задоволни сме што постигнавме договор да станеме газди на овој клуб“, соопштија од групацијата.

Евертон има лош почеток на сезоната и по пет одиграни кола има само еден освоен бод.