Партизан никогаш не доживеал ваква катастрофа од Звезда

Поранешниот српски шампион Партизан се наоѓа во очајна состојба и тоа го потврди на денешното „вечно“ дерби против Црвена Звезда.

„Црно-белите“ загубија со 0-4 во 174. пресметка со својот најголем ривал и тоа е најголема победа на Звезда како гостин на ЈНА. Овој тим три пати порано победувал со 4-1 на стадионот на противникот, но ваков дебакл не се случил никогаш во историјата на белградските дерби дуели.

Ова, сепак, не е најубедлива победа на една од екипите во меѓусебните пресметки. Рекордот и тука го држи Црвена Звезда, од 1968 година кога на домашен терен го победила Партизан со 6-1.