Во Бергамо истури дожд, мечот меѓу Аталанта и Комо не ни почна

Големото невреме и поројниот дожд во Бергамо беа причина вечерва да не се одигра последниот натпревар од петтото коло на Серија А меѓу Аталанта и Комо.

Дуелот требаше да почне во 20:45 часот, прво беше одложен за половина час, но при втората инспекција околу 20:15, официјалните лица на чело со судијата Париде Тремолада одлучија дека не постојат услови за игра. И покрај тоа, стручниот штаб и фудбалерите на Комо инсистираа мечот да се одигра, но откако и тие видоа дека нема шанси поројниот дожд да престане, се повлекоа во соблекувална.

Веднаш потоа беше одреден нов термин за овој дуел, тоа е утре од 20:45 часот, а Комо ќе се обиде да дојде до првата победа во новата сезона.