Димитријевиќ: Зависник сум од кошарка, Теодосиќ ми е идол!
Димитријевиќ импресионира на почетокот во дресот на Олимпија Милано, по што призна дека постојано гледа кошарка.
„Гледам кошарка постојано, зависник сум од спортот. Теодосиќ ми е идол, секогаш сум сакал да го гледам“, откри македонскиот кошаркар.
Македонскиот репрезентативец е возбуден пред мечот против Партизан на 15 ноември и кажа дека му е мило што ќе заигра во Белград.
„Во Белград ќе биде лудило, едвај чекам да заиграм против Партизан“, кажа Димитријевиќ.