Трагедија: Поранешен турски репрезентативец се самоубил!

Поранешниот турски репрезентативец, кој е роден во Босна и Херцеговина, Асим Парс е пронајден мртов во родната куќа.

Босанските медиуми пишуваат дека Парс се самоубил, но засега не се откриваат повеќе детали за причината поради која си го одземал животот.

Парс во кариерата го носеше дресот на Галатасарај, Загреб, Фенербахче, Улкерспор, Локомотив Ростов и други екипи.