Лампард се враќа - ќе го преземе Ковентри
На Островот, тој важи за главен фаворит за менаџерската позиција во Ковентри каде треба да го замени Марк Робинс кој неодамна доби отказ затоа што во последните 11 натпревари оствари само еден триумф. Претседателот на Ковентри изјави дека Лампард е атрактивен за сите во клубот и ги прават сите напори да го донесат на клупата.
Ако ја прифати понудата, Лампард го очекува исклучително тешка задача бидејќи буџетот во клубот е минимален, а се бараат големи резултати.