Крај на сезоната за една од ѕвездите на Манчестер сити!

Еден од најдобрите фудбалери на Манчестер сити, Родри се здобил со тешка повреда и ќе мора да паузира до крајот на сезоната.

Шпанските медиуми пишуваат дека Родри ги скинал лигаментите на коленото, па се очекува да паузира околу девет месеци, што значи дека ова е голем удар за „граѓаните“.

Родри се повреди во мечот против Арсенал во 16. минута, по што мораше да го напушти теренот, а медицинските прегледи покажаа дека станува збор за сериозна повреда.

Шпанецот минатата сезона беше еден од најдобрите фудбалери на актуелнито англиски шампион.