Димитријевиќ: Зависник сум од кошарка, Теодосиќ ми е идол!

Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ во интервју за „Еурохупс“ зборуваше за различни теми, а една од нив е за неговиот омилен кошаркар.

Димитријевиќ импресионира на почетокот во дресот на Олимпија Милано, по што призна дека постојано гледа кошарка.

„Гледам кошарка постојано, зависник сум од спортот. Теодосиќ ми е идол, секогаш сум сакал да го гледам“, откри македонскиот кошаркар.

Македонскиот репрезентативец е возбуден пред мечот против Партизан на 15 ноември и кажа дека му е мило што ќе заигра во Белград.

„Во Белград ќе биде лудило, едвај чекам да заиграм против Партизан“, кажа Димитријевиќ.