Големо засилување за битолчани: Мишковиќ потпиша за Пелистер

Македонскиот прволигаш Пелистер потпиша со 25-годишниот српски кошаркар НИкола Мишковиќ.

Поранешниот кошаркар на Мега треба да биде големо засилување за битолчани на позицијата крилен центар.

Мишковиќ беше лидер на репрезентацијата до 18 години на Србија на ЕП 2017, а во кариерата играше уште за полска Арка, Подгорица, Аполон Патрас, Менорка и Иркут.

Пелистер претходно се засили со уште тројца странци, а тоа се Бојиќ, Брајан и Едвардс.