Несторовски избран во тимот на колото во Хрватска (ФОТО)

Македонскиот интернационалец Илија Несторовски постигна гол во победата на Славен Белупо против Динамо Загреб и се најде во тимот на колото.

Несторовски доби оценка „8“ и се наоѓа во нападот заедно со Марко Ливаја кој има оценка „9,2“ по одличнит настап на Хајдук.

Македонецот оваа сезона настапи на четири меча за Славен Белупо, а притоа постигна два гола.