Хаверц потфрли како ретко кој: Против Сити ништо не му одеше!

Eкипата на Арсенал одигра реми 2:2 во дербито против Манчестер Сити во Премиер лигата. Во овој натпревар тренерот Микел Артета одново му даде доверба во офанзивата на Каи Хаверц кој повторно разочара.

Германецот имаше катастрофални бројки како никој претходно во Премиер лигата откако се смета индивидуалната статистика на фудбалерите во последните седум сезони.

Имено, Хаверц стана првиот играч во историјата на Премиер лигата кој на теренот поминал 90 минути и во тој период не успеал да има ниту едно успешно додавање до негов соиграч. Во целиот натпревар, Хаверц се обиде да додаде пет пати и ниту еднаш не беше успешен.

Освен тоа загуби и седум дуели на земја што е најмногу од сите играчи, а не излезе како победник ниту од четирите воздушни кои ги имаше. Лошата статистика завршува со неговите два неуспешни обиди за дриблинзи.