Чудни одлуки: КФМ жестоко го казни Чаир 2030, ама и тепаниот кошаркар на ТФТ!

Комесарот за натпреварување во КФМ, Александар Милојевиќ, денеска ги обелодени казните за учесниците во ужасниот инцидент на неодамнешниот пријателски меч помеѓу ТФТ и Чаир 2030, кој не беше доигран поради физички напад на луѓе од публиката врз еден од кошаркарите на домашниот тим.

Чаирчани поради ова првите три средби од новата сезона во Првата лига ќе ги играат пред празни трибини, а згора на тоа ќе треба да платат и 48.000 денари. Неочекувано, казна доби и тепаниот капитен на популарната Тафта, Едис Нури, кој поради „учество во тепачка“ ќе мора да ги пропушти првите две средби на својата екипа. Згора на тоа, ТФТ ќе мора да плати 30.000 денари поради лоша организација и непочитување на одлуката на КФМ за начинот на кој се организираат официјалните, но и пријателските натпревари.

Казна има и за делегатот на оваа средба, Антонио Теофиловски, кој доби забрана за вршење на должноста на две средби поради „несовесно и неуредно извршување на дложноста“. Комплетниот извештај за одлуките на комесарот прочитајте го ТУКА.