Ветеранот Чилиќ на мал чекор до првиот трофеј по пауза од три години!

Хрватскиот тенисер, Марин Чилиќ, ќе игра во финалето на АТП турнирот во Хуангжу (Кина), откако попладнево во полуфиналната пресметка го совлада Американецот Брендон Накамура (6-4, 7-6).

Ветеранот славеше по нешто повеќе од еден час игра над 36. играч во светот и се пласираше во своето 37. финале во кариерата и прво по пауза од две години. Победата на Марин беше овозможена со добар сервис - имаше осум асови и погоди 30 винери, двојно повеќе од Американецот. Единствениот „брејк“ на мечот се случи во деветтиот гем од првиот сет, кога Чилиќ му го одзеде сервисот на Накамура. Немаше „брејк“ во вториот сет, но имаше драма затоа што Чилиќ спаси две врзани сет топки во „тај-брејкот“, а потоа мечот го заврши со својата прва меч топка.

Хрватот, кој во моментов е на 777. позиција на АТП-листата, во финалето го чека победникот од кинескиот дуел помеѓу Жанг и Бу, а во него ќе се бори за 21. титула во кариерата. Последната ја освои во 2021 година во Санкт Петербург.