„Ако треба ќе се вратам и од пензија само за да ѝ помогнам на мојата Барса!“

Чилеанскиот голман, Клаудио Браво, е подготвен да ја прекине пензијата доколку челниците на Барселона сакаат тој да го замени повредениот Марк Андре Тер-Штеген.

За капитенот на Барселона сезоната веќе е завршена, откако денеска ќе биде опериран по тешката повреда на коленото на синоќешното гостување кај Виљареал (5-1). Каталонците, според правилата на Ла Лига, имаат право веднаш да го заменат без разлика што е завршен преодниот рок. Чилеанецот се пензионираше ова лето откако му истече договорот со Бетис.

„Ако Барселона ме повика, подготвен сум да се вратам од пензија и да застанам на голот“, изјави Браво.

Тој во Барса пристигна во 2014 година од Реал Сосиедад, истото лето кога и Тер-Штеген се пресели на „Камп Ноу“ од Борусија Менхенгладбах. Тогашниот тренер, Луис Енрике, го искористи Браво во натпреварите од Ла Лига и така ја освои титулата, но ја освои и Лигата на шампионите со Тер Штеген на голот.

По две години голема борба за позицијата прв голман, очекувано беше донесена одлука да се задржи многу помладиот Тер Штеген, па Браво замина во Манчестер Сити во трансфер вреден 18 милиони евра. Последните четири сезони бранеше за Бетис, а потоа на 37 години реши да се пензионира.