Касано го нападна Роналдо: Може да даде и 3.000 голови, но не знае да игра фудбал!

Поранешниот фудбалер Антонио Касано пред седум години замина во пензија, но и покрај тоа често е во центар на внимание поради неговите контроверзни изјави.

Касано не е голем навивач на Кристијано Роналдо и често го критикува во медиумите.

„Роналдо не знае да игра фудбал. Може да постигне и 3.000 голови, не ми е гајле. Игуаин, Агуеро, Бензема, Левандовски, Ибрахимовиќ и Суарез беа одлични и се прилагодуваа на нивните соиграчи. Тие знаат многу повеќе работи за разлика од Роналдо кој сака да биде главен лик“, кажа Касано.