Пуштени билетите за дербито меѓу Вардар и Пелистер - чинат 350 односно 500 денари!

Екипата на Вардар денеска ги пушти во продажба билетите за првото годинешно ракометно „Ел Класико“ со Пелистер, кои ќе чинат 350 односно 500 денари.

Тие ќе може да се набават онлајн, но и на билетарницата пред салата „Јане Сандански“ на денот на натпреварот. Најавено е и присуство на навивачи на гостинската екипа од Битола.

Пресметката помеѓу два од трите најдобри македонски тима во моментов е закажана за в сабота (28 септември) со почеток од 17.45 часот.