Гвардиола ги загуби нервите по голот на Калифиори - „настрада“ столчето! (ВИДЕО)

Дербито во Премиер лигата помеѓу Арсенал и Манчестер Сити на „Етихад“ заврши без победник 2:2, а актуелниот шампион до бод стигна со голот на Стоунс во 98. минута.

Сити добро го започна натпреварот и прв дојде до предност, но сепак Арсенал со погодоците на Рикардо Калифиори и Габриел во 22. и 46. минута направија пресврт.

На социјалните мрежи сега се појави снимка од реакцијата на Гвардиола кога Калифиори го совлада Едерсон. Вообичаено Гвардиола е мирен покрај аут линијата, но сега се покажа во едно поинакво издание.

Pep Guardiola kicks his own chair in anger after Arsenal's equalizer
byu/OptimusCloyster insoccer