Михаилов: Штета, бевме на чекор од три бода, сомнителен ми е црвениот картон

Eкипата на Брера во вчерашниот натпревар ремизираше против Работнички со 1:1. Струмичкиот состав имаше предност, но не издржа со играч помалку и прими гол во второто полувреме.

Во изјавата по натпреварот тренерот на Брера, Горзад Михаилов изрази жалење за пропуштената прилика за три бода, меѓутоа сомнителна му е ситуацијата при црвениот картон на Руатубјаје.

„Штета, бевме на прагот на освојување на трите бода. Игравме добро во првиот дел и тактички добро бевме поставени. Судењето не би сакал да го коментирам, не е моја работа, има кој треба да го коментира и да каже дали е во ред. Мене ми е сомнителна ситуацијата при црвениот картон на Руатубјаје. Покажавме карактер, желба и сила, но овој натпревар треба брзо да го заборавиме бидејќи во среда ни претстои нов предизвик“, изјави Михаилов.

Далеку по жестоки реакции кон судењето од вчерашните натпревари во имаше во редовите на Тиквеш од каде што реагираа за поништениот гол во завршницата од натпреварот против Вардар (ТУКА).

Брера на табелата во овој момент по шест одиграни кола е на осмата позиција со седум бода.