Потер добива нова шанса во Премиер лигата?

Поранешниот тренер на Челси и Брајтон, Грем Потер е спремен да се врати на тренерската работа.

Потер го водеше Челси пред повеќе од година ипол, а од заминувањето се поврзуваше со бројни клубови, па и со репрезентацијата на Англија, но на крајот остана без без ангажман.

Сега островските медиуми пренесуваат дека за него се појавила нова опција. Евертон наводно подготвува отказ за Шон Дајч и Потер според информациите бил расположен да го наследи.

„Карамелите“ со Шон Дајч лошо ја започнаа сезоната и во овој момент се на делба на последното место со Вулвс, двете екипи имаат пет постигнати и 14 примени погодоци.

Во следното коло Евертон игра дома против Палас и големи се шансите со евентуален неуспех во овој натпревар да заврши и ангажманот на Дајч на „Гудисон Парк“.