Џентлменски потег на Куртоа кон Тер Штеген

Чуварот на мрежата на Реал Мадрид Тибо Куртоа џентлменски испрати порака до својот колега од Барселона, Марк Анде Тер Штеген кој се здоби со тешка повреда во вчерашниот натпревар против Виљареал.

Германецот го повреди коленото и за него сезоната е завршена и според најавите паузата веројатно ќе биде осум месеци.

Куртоа добро знае низ што поминува Тер Штеген во овие моменти бидејќи и самиот во 2023 година беше тешко повреден и се врати дури кон крајот на сезоната.

„Жал ми е за повредата на Тер Штеген, ме болеше кога гледав како го напушташе теренот. Се надевам брзо ќе се опорави и ќе се врати на терените“, објави Куртоа.