Силва „удри“ по Арсенал: Можеби и затоа Ливерпул освои титула, а тие не!

Фудбалерот на Манчестер Сити, Бернардо Силва го критикуваше Арсенал по ремито на овие две екипи 2:2 во вчерашното дерби во Премиер лигата.

Арсенал беше блиску до победа против „грѓааните“ на која чекаат уште од 2015 година, но во 98. минута дефанзивецот Стоунс постигна гол за реми.

Цело второ полувреме Арсенал играше со играч помалку, па одбраната беше ниско поставена и не бираа средства за да ги запрат нападите на Сити.

„Денеска само еден тим сакаше да игра фудбал, другиот беше во граница на она што е дозволено и за жал судијата ги толерираше. Уште од првата минута знаевме што ќе се случува, Родри се повреди откако двапати беше соборен на земја во десет минути. Примивме гол во моментите кога судијата го повика на разговор нашиот капитен и не му даде доволно време да се врати на својата позиција.

Вториот гол го постигнаа со нивната препознатлива таткика да го блокираат голманот и судијата го дозволуваше тоа. Најмногу ми пречи што им беше дозволено да трошат време. Имавме состаноци пред почетокот на сезоната, ни кажуваа дека таквите сцени ќе се спречат, но на крајот ништо не се менува“, изјави Силва.

На крајот и најжестоко „удри“ по големиот ривал.

„Можеби и поради нивната таква игра Ливерпул ја освои Премиер лигата, а тие не. Ливерпул против нас секогаш игра фудбал и сака да победи, со Арсенал е поинаку само еден тим игра на теренот, другиот се брани и троши време“, коментираше Португалецот.