Скандалозно однесување на Французите - намерно примаа голови за да добијат полесна ждрепка (ВИДЕО)

Групната фаза на Светското првенство во футсал заврши на скандалозен начин, а за тоа се погрижија репрезентативците на Франција.

Во последното коло, „триколорите“ загубија од Иран со 1-4, но не затоа што беа послаби, туку бидејќи им одговараше таков пораз. Французите буквално ги пуштаа противниците да поминат покрај нив, а кога Иранците ќе шутнеа кон голот, голманот ги пропушташе топките и бегаше од нив.

По победата, Иран го освои првото место во групата Ф и во осминафиналето ќе игра со Мароко, но ако победи, најверојатно ќе се сретне со Бразил кој Французите сакаа да го избегне. Тие имаат отворен пат до полуфиналето бидејќи прв ривал ќе им биде Тајланд, а ако победат, ќе вкрстат со подобриот од дуелот меѓу Парагвај и Авганистан.