Тиквеш: Судијата нѐ оштети за чист гол, а потоа симулираше дека е повреден!

Денешната пресметка помеѓу Тиквеш и Вардар донесе многу возбудувања на теренот, но најмногу од тие што немаат конекција со фудбалската игра, со оглед што средбата беше прекината откако еден од помошните судии беше удрен со тврд предмет.

Главниот судија, Александар Ставрев, предвреме ги повлече актерите кон соблекувалните при водство на скопскиот тим со 1-0, што ќе значи и службена победа за црвено-црните, а со тоа и дополнителни казни за кавадарчани. Тие, пак, вечерва излегоа со соопштение во кое го напаѓаат помошникот Гоце Петрески, а тврдат и дека биле оштетени за чист гол, кој им беше поништен поради офсајд непосредно пред инцидентот.

Соопштението на Тиквеш можете да го прочитате во продолжение.