Тиквеш потклекна пред грчка Драма – само реми наместо убедлив триумф!

Ракометарите на Тиквеш втора сезона по ред се сопнуваат на првата пречка од Европскиот куп, откако одиграа само нерешено во вечерашната реванш-пресметка на домашен терен против грчкиот тим Драма (26-26).

Кавадарчани бркаа негатива од четири голови од првата средба во јужното соседство (27-31), но не успеаја да дојдат до посакуваната цел. Македонскиот тим двапати ја имаше предноста што им требаше, со оглед што во второто полувреме водеше со 21-17, па и со 24-20, но не успеа да ја задржи предноста. Грците со серија од три гола во финишот ги срушија сите надежи на нашиот претставник за минување на првата квалификациска рунда.

Мартин Димовски со седум гола беше најдобар стрелец кај Тиквеш, а следуваше Темелкоски со четири реализации, додека Коционис со осум и Манолудис со седум гола беа најпрецизни кај Драма.