Милан по две години и шест порази по ред конечно го преслуша Интер (ВИДЕО)

Црвено-црната боја по подолго време повторно е во мода во Милано, откако екипата на Милан вечерва конечно го совлада градскиот ривал Интер (2-1) со што стави крај на низата од шест порази по ред, која траеше точно две години.

„Росонерите“ ја имаа улогата на аутсајдер, но одиграа одлично и апсолутно заслужено дојдоа до бодовите во пресметката со актуелниот шампион. Крајниот епилог го најави Пулишиќ уште во десеттата минута, но Димарко дваесетина минути подоцна го изедначи резултатот. Во второто полувреме се водеше рововска борба во која „росонерите“ беа подобар ривал, а наградата дојде пред самиот крај со погодокот со глава на Матео Габиа во 89. минута.

Двата тима од Милано сега се изедначени на делба на шестата позиција на табелата во Серија А со по осум бодови од пет натпревари.